Македонија Топ вести

Државен ревизор за набавките во Ковид кризата: Неуредена законска регулатива, непрецизно утврдување на “итноста”, без систем на контрола

Недоволно уредената законска регулатива за видот на набавки во време на Ковид кризата, отсуството на јасно дефинирање на карактеристики за заштитната опрема и прецизни критериуми за утврдување на “итноста” на определена набавка, како и неспроведени групни набавки и ограничување на максимална поединечна цена за набавките, ова се дел од заклучиочите наведени во ревизорскиот извештај “Доделување на договори за јавни набавки од страна на институциите во јавниот сектор со цел заштита и превенција од пандемијата предизвикана од корона вирусот – COVID 19“.

Ревизорите заклучуваат дека постои потреба за подобрување на транспарентноста, отчетноста и законитоста во планирањето, спроведувањето и реализацијата на постапките за јавни набавки за превенција и заштита од корона вирусот – COVID 19.

Врз основа на извршената ревизија на постапките за јавни набавки кои се доделени во период од 01.03.2020 до 01.10.2020 година е утврдено следното:

– 88% од набавките се спроведени со користење на постапката со преговарање без објавување на оглас. Во отсуство на прецизно дефинирање за критериуми за “итноста” на набавките и видот на стоки, услуги и работи кои можат да се набавуваат во време на вонредна/кризна состојба не може да се потврди во целост оправданоста на итноста на дел од постапките;

– Поради итниот карактер на набавките, фазата на планирање на постапките не можела да се изврши навремено според потребите, што влијаело да се достават покани за преговарање до помал број на економски оператори, без детална анализа на видот и количините на средства и опрема за заштита достапни на пазарот;

– Во отсуство на јасно дефинирање на карактеристиките на заштитната опрема која треба да ја користи медицинскиот персонал во ЈЗУ на пазарот се појавиле и се набавувале различни видови на опрема за кои постои ризик дека не поседуваат карактеристики и квалитет за соодветна заштита и превенција во работните процеси кои се одвиваат во време на пандемија;

– Дел од тендерските документации се изготвени на начин кој не им обезбедува на економските оператори целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапките за јавни набавки;

– Воспоставениот начин на спроведување на постапките со преговарање без објавување на оглас не овозможува еднаков третман и конкуренција помеѓу економските оператори. Имено, за дел постапките за јавни набавки спроведени се преговарања со еден економски оператор;

– Дел од институциите при спроведувањето на постапките не објавиле известување на ЕСЈН за доброволна претходна транспарентност ниту пак известување за поништување на постапка за јавна набавка што влијае на отчетноста и интегритетот во постапките за јавна набавка;

– Утврдени се состојби кои влијаат врз објективноста при евалуација на понудите, во поглед на условите и барањата на договорниот орган, што влијае на еднаков третман на економските оператори и ограничувањето на конкуренцијата;

– Утврдени се неусогласености помеѓу доделените договори за јавна набавка и тендерските документации и техничките спецификации што го отежнува следењето на реализација од аспект на тоа дали фактурираните цени соодветствуваат со договорените;

– При реализација на дел од договорите, не е воспоставен соодветен систем на контрола со кој ќе се осигура дека предвидените активности се реализирани во целост. За надминување на утврдените состојби до одговорните лица на институциите вклучени во процесот, ревизијата даде препораки за преземање соодветни мерки и активности со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период. Во делот на останати прашања ревизијата укажува на состојби кои се однесуваат на начинот на докажувањето на професионалната способност и не предвидување на банкарски гаранции при спроведување на постапките за јавни набавки, што создава ризик од ненавремено и неквалитетно реализирање на договорите за јавни набавки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две девојчиња за насилство врз 12-годишната жртва, две момчиња за потикнување и за снимање на инцидентот и 5 родители- МВР со кривична пријава за меѓуврсничкото насилство во Аеродром

Дејан Дејан

Кривични пријави против четири малолетници и пет родители за нападот врз 12-годишното девојче во Аеродром

Tea Dimkovska

По неполни два месеца повторно се менува Законот за студентски стандард – се воведува забрана за домување и до пет години при поголем прекршок

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе