Почна да се расчистува теренот околу малата депонија со линдан во кругот на фабриката „Охис“.Шатори, филтри за воздух, челични буриња и контејнери ќе се користат за складирање и транспорт на опасниот линдан но и на контаминираната земја со кој се затрупани бурињата како и почвата под нив. Линданот ќе се транспортира до пристаништето во Солун од каде ќе биде префрлен во Франција додека 700 илјади тони земја со која се покриени бурињата но и под нив ќе биде извадена и транспортирана во Холандија.
Двете депонии содржат 59 илјади тони линдан. Во малата депонија има седум илјади тони линдан додека во големата се закопани буриња со 52 илјади тони. За разлика од големата депонија која е наменска и за која има изградено бетонски базен, малата депонија е обезбедена со многу помал бетонски ѕид.
Закопаните буриња со линдан се наоѓаат метар и седумдесет под нафрлената земја но потоа ќе се копа во длабочина и ќе се прави испитување на земјата дали е загадаена односно дали и колку треба да се копа во длабочина.
За цело време додека се изведува расчистувањето тимови од ПМФ ќе го мерат квалитетот на воздухот за да нема никаква дополнителна опасност по вработените но и граѓаните од околните населби.
Расчистувањето на депинијата ќе го врши фирмата „Полиеко“.
За чистењето на малата депонија, Министерството соработува со две агенции на Обединетите Нации, УНИДО и УНОПС. Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот и неговите изомери од малата депонија во „Охис“ изнесува приближно 8 милиони евра а дел од средствата ги обезбеди и Кралството Норвешка.
Огнен Чанчаревиќ
