Македонија Топ вести

Ниту кеш ниту куќата со Луј Витон од „Рекет“ ниту проблемите со срцето не беа доволни Апелација да го пушти Камчев од Шутка со речиси 5 милиони евра гаранција

Иако понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, Орце Камчев обвинет во случајот „Плацевите на Водно“ ќе остане во притвор во Шутка.

Пред два дена апелациониот суд повторно ја одби жалбата на Камчев иако вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен. Советот во Апелација кој ја одбил жалбата на Камчев го предводи судијката Тања Милева.

Судиите сметале дека висината на имотот не е доволна за гaранција дека Камчев нема да бега, а оцениле и дека здравствената состојба на обвинетиот кој неколку дена лежеше на кардилогија „не може да доведe до отстранување на стравот од бегство на обвинетиот“.

Барањето за замена со поблага мерка судот го оценил како неоснован, затоа што судиите сметаат дека „присуството на обвинетиот претставува услов за брзо, непречено и ефикасно спроведување на постапката и не може да биде обезбедено со друга мерка“ освен со затворски притвор.

Камчев понудил вкупно 6 недвижности меѓу кои и куќата во Бардовци, каде беа направени снимките со предавање на парите во чанта Луј Витон во случајот Рекет со Катица Јанева. Останатите недвижности се  фабриката на КАРА во Делчево и 4 големи плацеви градежно земјиште во Скопје и Маврово, како и фабрика во Делчево,  а обвинетиот понудил и 400 илјади евра во готово.

Судењето за случајот „Плацеви на Водно“ е закажано за 16-ти јули, а покрај Камчев обвинети се неговата мајка Ратка Камчева, Никола Груевски, Сашо Мијалков и Ристо Новачевски, којшто е кум на екс премиерот Груевски.

Обвинетите се товарат за перење пари од непријавени донации на партијата ВМРО-ДПМНЕ кои биле искористени за купување имот на Водно за избеганиот поранешен премиер Груевски.

Понудените кауции се однесуваат на следните имоти:

Недвижен имот – Куќа и градежно земјиште сопственост на ДПТУ КАРА АД С., опишани во ИЛ 3728 и ИЛ 1261 за КО Бардовци со вкупна пазарна вредност од 346.928,00 евра или 21.336.056,00 денари

Недвижен имот – Градежно земјиште со вкупна површина од 1607м2 сопственост на ДПТУ КАРА АД С. опишано во ИЛ 56309 за КО Центар 2, со вкупно проценета пазарна вредност од 956.225,00 евра или 58.807.838,00 денари

Недвижен имот-градежно земјиште со вкупна површина од 1166м2, сопственост на Ј. К. од С. опишано во ИЛ 6490 за КО Злокуќани, со вкупна проценета пазарна вредност од 309.507,00 евра или 19.034.711,00 денари

Недвижен имот -Градежно земјиште со вкупна површина од 1474м2, сопственост на Ј. К. од С., опишано во ИЛ 100228 за КО Маврово, со вкупна проценета пазарна вредност од 234.748,00 евра или 14.437.002,00 денари

Недвижен имот-деловна зграда објект сопственост на ДПТУ КАРА ДООЕЛ С., опишано во имотен лист 1101 за КО Делчево, со проценета вредност од 2.158.743 евра или 132.762.695,00 денари, или се вкупно во износ од 4.406.151,00 евра или 270.978.286,00 денари

-подготвеност за депонирање на парични средства во износ од 400.000,00 евра на сметка на судот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе