Додека државниот обвинител Љубомир Јовески е во Санкт Петербург во Русија на меѓународна конференција, дома се калкулира со неговото име како можен нов уставен судија. Информацијата не ја потврдуваат од владеачката СДСМ од каде велат дека за сега нема ниту еден официјален предлог за пополнување на дури три испразнети места во највисокиот суд во земјава. Предлозите може да дојдат од било кој член на комисијата за избори и именувања во Собранито. Но на последната седница токму точката поврзана со именување на судии беше тргната од дневен ред.
Јовески преку порака испратена од далечната Русија вели дека ќе му биде предизвик да стане уставен судија, земјќи го пред вид значењето на судот во правниот поредок. Нему мандатот во обвинителството му истекува за неколку месеци а единствен критериум за избор во Уставен суд е да е истакнат правник.
Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција, ни изјави јовевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако Јовевски биде ставен на листата за гласање тие нема да го поддржат. Но, за избор на уставни судии се потребни 61 глас. Инаку дури три места се испразнети во уставниот суд. До крајот на годината истекува мандатот и на четвртиот судија Јован Јосифовски. Претходно како можни кандидати во јавноста беа лиферувани имињата на актуелниот секретар на собранието Цветанка Иванова и адвокатот Васко Талевски, член на општинската оранизација на СДСМ во Битола. Сега доколку во игра остане и Јовевски, ќе треба да се бира и нов државен обвинител.
Билјана Николовска
