Свет Топ вести

Ураганот Елза пристигнува на Флорида, вонредна состојба за неколку области

Тропската бура Елза претставува закана за северниот брег на американската држава Флорида, откако регионот на заливот Тампа беше погоден од силни ветрови и поројни дождови, а властите го повикаа населението да биде внимателно и прогласија итни мерки за неколку области.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, го повика населението сериозно да ги сфати предупредувањата и да не патува непотребно, додавајќи дека циклонот се очекува да стигне до крајбрежјето денеска каде што се во сила вонредни мерки за поголемиот дел од областа.

Нема податоци за причинета штета или повредени лица во областа Тампа Беј, која беше изложена на силен ветер, кој достигна максимум 120 километри на час од утрово, соопшти Националниот центар за урагани.

Училиштата и јавните установи во областа Тампа се затворени, а повеќето настани се одложени вчера кога се приближуваше Елза, додека меѓународниот аеродром во Тампа ја прекина работата попладнето.

Метеоролозите очекуваат Елза да помине низ внатрешноста на Северна Флорида како тропска бура со силни врнежи и ветер, а потоа да се упати кон Џорџија, Северна и Јужна Каролина и Вирџинија пред да се упати кон Атлантскиот Океан, каде се очекува до петок.

Кубанските власти претходно евакуираа 180.000 луѓе поради евентуални големи поплави кои веќе погодија неколку карипски острови, при што загинаа најмалку три лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе