139 институции ќе бидат опфатени со реорганизацијата и рационализација на вработените, што ќе стартува во 2022 година и ќе трае 4 години.
Од Министерството за информатичко општество и администрација за Телма информираат дека по вчерашното усвојување од страна на владата на извештаите со препораки за реорганизација на јавната администрација, 18-те извештаи идната недела ќе ги разгледува Советот за реформи на јавната администрација кој треба да го даде конечниот предлог за реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби.
Од МИО за Телма велат дека по завршување на проектот финансиран од ЕУ, се очекува бројката од 139 институции значително да се намали.
