Вести Свет Топ вести

Откажани денешните летови кон Италија од аеродромот во Тирана

Поради генераленот штрајк на давателите на услуги за воздушен транспорт во Италија, денеска откажани се четири лета од меѓународниот аеродром во Тирана кон Италија, објави Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Откажани се летовите на „Ер Албанија“: Тирана 14:45-Писа 16:20  и Писа 17:20-Тирана 18:55 часот.

Исто така се одложени  и летовите на „Алиталија“: Рим 17:00 -Тирана 18:25 и Тирана 11:25 – Рим 12:50часот.

-Ве повикуваме да комуницирате со соодветните компании на споменатите летови, стои во соопштението на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Аеродромот во Тирана, посебно во летниот период го користат многу македонски иселеници, кои живеат и работат во Италија, а доаѓаат одморот да го минат во родните места.

Исто така, оние кои одлучиле да допатуваат со автомобили го користат поморскиот превоз, најчесто траектите кои сообраќаат на релација Бриндизи-Драч.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе