Македонија

Критичко размислување и медиумска писменост главни алатки за справување со лажните вести

Критичкото мислење и медиумската писменост се многу значајни за секоја држава вклучително и нашата држава. Фондацијата „Метармофозис“ е наш партнер во битката со лажни вести и сметам дека навистина многу голем придонес се дава во изминатите години од кога лажните вести станаа значајна алатка за помешување на одрдени вистински информации или создавање на политика и дневна криза во различните резори, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во денешното обраќање на онлајн конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, организирана од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“, во рамки на проектот „КриТинк“.

Царовска истакна дека со лажните вести не може да се справат веднаш, но како Влада и Министерство, заедно со партнерите за справување со лажните вести, верува дека може да се создадат генерации кои се многу посилни во знаењата и алатките за справување со лажните вести.

– Токму затоа преземавме тип на активност, во новата концепција што е за основно образование, а ќе започне од новата учебна година за прво и четврто одделение, медиумската писменост и критичкото размислување да бидат основен столб и да бидат интегрирани во сите предмети, можноста за анализа на содржини и проверка на истите содржини бидат во континуитет спроведуван кај сите наставни единици. На тој начин ќе ги научиме учениците уште од најмала возраст да препознаат лажни вести, со што ќе создадеме можност да во наредниот период нашите ученици и тоа како бидат изложени на вистинити и невистинити информации, но притоа да знаат каде се проверуваат и на кој начин ќе ги проверуваат овој тип на информации што ќе им даваме, додава министерката.

Амбасадорот на Европска Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир во своето обраќање на конференцијата вели дека во последните години сме свесни за феноменот на дезинформации и медиумска манипулација, што доведуваат до непочитување на демократските вредности и човекови права, односно слободата на изразување и правото на пристап до информации.

– Инфодемијата на Ковид-19 доведе до зголемување на теориите на заговор и создаде недоверба во институциите и науката, најмногу во однос на вакцините, а скептицизмот и вознемиреноста се покажаа евидентни и трагични, посочи Гир.

Тој порача дека со постојано промовирање на критичко размислување и медиумска писменост кај пошироката јавност ќе се создаде поотпорно општество на дезинформации.

Владиниот национален координатор за стратегиски комуникации Maрјан Забрчанец информира дека во 2020 година, Владата воспостави платформа за справување со дезинформациите.

– Ја нарековме Драфт или предлог акциски план за справување со дезинформации. Платформата е се уште активна, жива и постојано е драфт, бидејќи не постои единствен и унифициран начин во справување со дезинформации, ниту пак единствена и монополизирана одговорност во справувањето со тој феномен, затоа велиме дека таа платформа е постојано отворена, никогаш конечна, вели Забрчанец,

Платформата, како што информира Забрчанец ќе биде отворена за секој чинител од општеството да си го пронајде своето место без разлика кој координира и дали се случува во денешно време или за некакви планови во иднината.

Онлајн-конференцијата продолжи со три сесии поврзани со медиумската писменост и лажните вести, на која претставниците на државните институции, граѓанските и медиумските организации кои работат на овие теми, меѓу кои Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“,  „Метаморфозис“, „Евротинк“, МИМ, МОФ, СЕММ, АВМУ, Јавниот сервис МТВ дискутираат за најновите наоди од истражувања и резултатите од проектите и активностите поддржани од Европската Унија и други донатори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе