Вести Македонија

5 месеци автобусите наменети за јавен превоз во Тетово стојат паркирани

Јавен превоз во Тетово се уште нема иако речиси пред пет месеци беа набавени автобусите и истите се паркирани во дворот на Пожарната, а во ноември минатата година беа поставени и постојките низ градот. Граѓаните во исчекување, но како да немаат верба во општинските власти. Велат секогаш се чека избори за да се реализира дадено ветување.

Сообраќајниот инженер, Зоран Ѓорѓевски, вели дека гратскиот превоз е само една од мерките коишто треба да овозможат намалување на бројот на возила на мрежа и на тој начин да се намали загадувањето на воздухот и сообраќајната бучава. Но, за ефикасен гратски превоз треба да мотивирате граѓаните да користат автобус, истакнува Ѓорѓевски

Градоначалничката, Теута Арифи, во неколку наврати најавуваше дека ќе започне да функционира јавниот превоз во градот, но и во последната нејзина изјава не прецизираше кога.

Инаку, за набавка на автобусите беа потрошени 720.000 евра, од вкупно 1,2 милиони евра кредит добиен од Светска банка. Истиот Општината со пари на граѓаните ќе го плаќа 13 години.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина велшката пејачка Бони Тајлер

Дејан Дејан

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе