Македонија

Нерационалното трошење на водата ја остави населбата Стар Карaорман во Штип без вода

Викендови чешмите им останаа суви на околу 1.000 жители од штипската проградска населба Стар Карорман. Според анализите на комуналното претпријатие „Исар“, големата потрошувачка се јавила поради кражби на вода, но и нерационалното трошење за полевање на пластениците. Од утринава четири екипи се на терен и бараат диви приклучоци.

Граѓаните пак тврдат дека земјоделските култури ги наводнуават од сопствените бунари, а се пожалија и оти водата не им е техничка исправна.

Загубите на водата  и дивите приклучоци се најголемите проблеми на комуналните претпријатија. Вакви акции ќе има во наредниот период, а крадците на вода можат се соочат и со затворска казна.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе