Вести Македонија Топ вести

Отпадно моторно масло било испуштано во Дебарското Езеро и за малку предизвика еколошка катастрофа

Дебарското обвинителство наредната недела подготвува кривична пријава по член 230 од КЗ „Загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, потврдија за Телма од обвинителството.

Истрагата за истекување на непознат нафтен дериват во езерото на крајот на март е дополнета со земање на над 20 примероци од црната материја која беше излеана во вештачкото езеро.

Истражителите и еколошките инспектори првично сметале дека станува збор за излеан мазут, но потоа со анализите е утврдено дека станува збор за опасно за животната средина, отпадно масло.

Ова го потврдија за Телма и од прес службата на Државното обвинителство:

-Основното јавно обвинителство Дебар ги прибира материјалните докази во врска со земените мостри од Дебарското езеро. По  наредба на обвинителството е извршено вештачење, од кое согласно утврденото во доставениот извештај, произлегува дека течноста од која биле земени мострите е моторно масло.  Обвинителството има издадено и други наредби и насоки до Министерството за внатрешни работи во насока на проверка на факти и прибирање на податоци, по чие комплетирање се очекува до обвинителството да биде доставена информација, одговорија од обвинителството.

Во емисијата КОД за намалување на водостојот на вештачките езера кои беа празнети за производство на струја беа прикажани и снимки од остатоци од нафтениот дериват кој истекол и го загадил Дебарското езеро. Црни дамки имаше на камењата останати на езерското дно по повлекувањето на водата употребена за производство на струја.

Кога се случило загадувањето, локалните жители и концесионерот на езерото реагирале брзо и веднаш побарале нивото на водата дополнително да се спушти за да остане нафтената дамка и загадувањето на брегот. Со тоа е спречен поголем ризик врз живиот свет, бидејќи течноста ги става во опасност рибите и останатиот животински и растителен фонд на езерото.

Веднаш по еколошката хаварија, остатоците од нафтениот дериват односно сега веќе утврдено отпадно моторно масло беа отсранувани со багер на локална компанија. Во истрагата учествуваше и инспекторатот за животна средина и полицијата. Допрва ќе биде соопштено за што се користело  опасното отпадно масло, дали за горење за производство на енергија потребна за производство или за други потреби како што е стабилизирање на производство.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе