Македонија Топ вести

Нашите деца не се експеримент, порачаа учесниците на протестите против Законот за учебници

Нашите деца не се за експеримент,  потребни се промени во образовниот процес, но по мерка на ученикот, порачаа од иницијативата на родители „Учебници и настава мора да има“. Организирани против Предлог- Законот за учебници, кој предвидува примена и на дигитални помагала од септември во 4 одделение, но и против другите реформи кои не ги одобруваат, од иницијативата  денеска протестираа. Во Скопје, околу 500 родители и деца со протестен марш од пред МОН, преку Владата, до Собранието на РСМ.

Нашите деца не се експеримент. Денес ќе кажеме дека детето треба да биде пред се! Политиката настрана од нашите деца. Ескпериментите настрана од нашите деца. Го урнавте столбот на образовниот систем, а ја градите чатијата. Денес ќе кажеме дека е време за проемни во образовниот систем, коренити промени кои ќе бидат по мерка на ученикот, порача Драгана Спасевска-иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

Дел од родителите сметаат дека најавените реформи не се соодветни за возраста на учениците , а други бараат враќање на есен на наставата со физичко присуство.

Дигитализацијата не е главниот проблем во Законот, туку обидот на мала врата да се истурка хибридно образование, кое што не е соодветно за возраста на нашите деца во 4 одделение и начинот на кој тоа се прави, без јавна дебата, порачаа дел од нив.

Со слични ставови против Законот за учебници се протестираше и во други градови.

Од една страна промовираат еднаквост и недискриминација, а од друга страна внесуваат сензитивни предмети кои подлежат на нееднаквост и дискриминација, порача Светлана Савеска-„ Учебници и настава мора да има“ на протестот во Тетово.

Апсурдно е да се протестира против напредокот во образованието, велат од МОН. Според нив, со Законот за учебници се воведуваат европски практики во образовниот систем, кои со години ги барале и наставниците и генерации ученици и дека се работи за првиот недискриминирачки закон во државата.

Законското решение во кое се дифинира етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди поголема интерактивност , намалување на учењето во домашни услови , а воедно и инклузивност , имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид, тврдат од мон.

Но, од иницијативата „Учебници и настава мора да има“, не се откажуваат од барањата. Подржани, како што рекоа од академици, наставници и професори, најавија дека во понеделник ќе достават иницијатива за задолжителен референдум за Законот за учебници и дека ќе продолжат со протести.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе