Македонија Најважни

Алијанса и Алтернатива попуштија -обезбеден кворум за утрешните две седници

Најава за крајот на неколку месечната собраниска драма. Спикерот Талат Џафери ги закажа, ВМРО- ДПМНЕ против 32-рата, а Алијанса и Алтернатива попуштија и ќе присустуваат за кворум на двете собраниски седници.

Планот на опозиционерите од албанскиот политички блок  е да го демаскираат спикерот Џафери кој, пак, според нив инсистира на седница за закони за вакцини и национална стратегија за борба против корупцијата наместо приритетната седница за петиот сет економски мерки.

Дали собранието ќе излезе од неколкумесечната блокада зависи од одлуката која денеска ја донеле Алијанса и Алтернатива.

„Само да информирам дека утре ќе влеземе и ќе обезбедиме кворум и на 32-та ако спикерот инсиситра на тоа за да се гласаат мерките. Значи одлучивме да го демаскираме спикерот и да не му дадеме никаков повод за оправдување.“

Решителноста, пак, на пратениците од СДСМ оди дотаму  тројцата нивни колеги кои се во самоизолација да бидат донесени со скафандери заради кворумот од 61 пратеник.

„Граѓаните и компаниите во овие тешки моменти предизвикани од ковид кризата чекаат помош за да опстанат фирмите и за да ги зачуваат работните места.Затоа, ќе направиме се што е потребно и се што е можно за да се донесат законите поврзани со 5-тиот пакет“ – вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Да за втората и НЕ за првата закажана седница. Ставот на ВМРО- ДПМНЕ останува непроменет иако за утре најавија присуство во собранието.

Собранието заглави откако Алијнса за албанците и Алтернатива поднесоа закон за Државјанство, а наидоа на отпор со амандамни.

Жртва во парламентот останаа три закони за петиот сет мерки економска помош.

Но, и по 8 месеци епилогот од работата на парламентарците е 19 завршни седници од 39 отпочнати за 8 месеци.

За таа ефикасност секој од 120-те пратеници ја зел платата од 1100 евра во просек и уште стотина илајди евра за трошоци за 75 пратеници.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Скопјанец физички се пресметувал со полициски службеници во станица

Дејан Дејан

Жртвите од сообраќајката каj Штип се од Скопје и Кочани

Дејан Дејан

Кавадарчанец затруен со наркотици пронајден во бесознание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе