Македонија Најважни

Домашен притвор за Рашковски за набавката на софтверот за безбедност во сообраќајот

По три и пол часа распит и четири часат пишување на решението Кривичниот суд наместо во притвор во затворот во Шутка, како што бараше Обвинителството за организиран криминал, го смести Драги Рашковски, во домашен притвор. Рашковски притворот го заработи во истрагата за злоупотреба на службената положба и овластувања додека бил генерален секретар на владата, а во која се сомничи дека целосно ја наместил јавната набавка од страна на владата на софтверот за безбедност во сообраќајот, кој патент бил лично негова сопственост. Освен Рашковски во домашен притвор оди и второосмничениот, Даниел Станчев, управител на „ИНВОКА Груп“, фирмата која ја добила јавната набавка и на чија сметка за софтверот легнале околу 80.000 евра. Обвинителството за организиран криминал, најави дека утре ќе вложи жалба на одлуката на судот за домашен притвор.

„Да, одреден е куќен притвор, не е уважен предлогот на обвинителството да бдие определан мерка притвор и можам одма да бви кажам дека ќе следи жалба на таквата одлука, од причина што ценам дека обвинителството даде навистина доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да биде определан мерка притвор, а не куќен притвор. Дотолку повеќе што со мерката на куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите докази и материјални докази кои што треба допрва да бидат прибавувани и да бидат сослушани сведоците во текот на постапката“, изјави Ивана Трајчева, обвинител од  Обвинителството за организиран криминал.

Кривичниот судот пак преку соопшнеи се изјасни дека Обвинителството не приложило доволно докази за да може да се определи построга мерка.

„Во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка“, с енаведува во соопштението од судот“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Освен Рашковски и Станчев уште две лица се товарат за инволвираност во нелегалната набавка на софтверот, но за нив се побарани мерки на претпазливост со одземање на пасошот и ненапуштање на местото на живеење за што тие дополнително ќе бидат повика. Тие во три одделни, но меѓусебно поврзани јавни набавки, го оштетиле буџетот на државата за околу 177.000 евра. Рашковски освен што се сомничи дека во соработка со другите тројца целосно ја наместил јавната набавка и купувањето на софтверот, претходно донел уште две одлуки за јавна набавка на работи за потребите на софтверот иако во тоа време сѐ уште не бил склучен договор за набавка на таков софтвер. Во овие две јавни набавки се инволвирани две други фирми, кои засега не се опфатени во истрагата, а со кои од буџетот се наплатени околу 97.000 евра.

„Во овој момент не, но во секој момент може да се прошири истрагата доколку најдеме докази за основано сомнение дека и тие сториле кривично дело“, изјави Трајчева.

За злоупотреба на службена положба и овластувања за кој се сомничи Рашковски и тројцата други осомничени Кривичниот законик предвидува казна од минум 5 до максимум 20 години затвор.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

Дејан Дејан

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Дејан Дејан

Пендаровски: Го вратив законот за игри на среќа, ЕУ децидно ми кажа – „нема ниту една европска директива за која го врзувате, европското знаме е злоупотребено“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе