Македонија Топ вести

За европратениците Шидер и Ќучук неприфатливо е тоа што Европскиот совет се уште не дава зелено светло за старт на преговорите со Македонија

Неприфатливо е тоа што Европскиот совет се уште не дава зелено светло за старт на преговорите со Македонија. Ова е ставот на Андреас Шидер, претседавач на делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитете ЕУ –  Северна Македонија, според кого е неприфатливо бугарското вето, а кој се надева дека сега по изборите во Бугарија можеби на хоризонтот се наѕира можност билатералните прашања да се стават во билатерална структура за да се дебатира за нив, а не да се користат за блокирање оти така ќе се испушти шансата и можностите. На ист став е и известувачот за Макеоднија во Европскиот парламент, Илхан Ќучик, кој историјата да им се остави на историчарите, а политичарите да ја завршат својата работа за штос е избарни и да се врата на основите на Договорот за добрососедство од 2017 година.

За реформите во земјава и Шидер и Ќучук, утрово во омн-лајн брифинг за новинарите рекоа дека многу е направено, но оти се потребни подлабоки реформи во судството, плурализмот и слободите, борбата против корупвијата и организоираниот криминал, но и поголема сорбаботка и дијалог меѓу власта и опозицијата доколку се сака да се решат проблемите во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти ќе можат да одат на пракса во општините во текот на летниот период

Tea Dimkovska

Осомничената Украинка за експлозијата во Монако, е пронајдена мртва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе