Култура

Доцнат платите на ангажираните на определено време во музеите

Доцнат платите од ноемри наваму на ангажирани со договор на определно време во повеќе музејски установи, реагира Синдикатот за култура. Од таму велат дека се работи за особено ранлива категорија граѓани за кои вработувањето е неизвесно, немаат здравствено и пензиско осигурување , а за работата земаат двојно помала нето плата од вработените во редовен работен однос.

Трагедија . Лица кои што се времено ангажирани да извршуваат некаква работа во институциите, ангажирани да пополнат работни места, извршители се на работни задачи кои му требаат на музејот, да не земаат плата 3 или 4 месеци. Сепак , станува збор за луѓе кои што најверојатно долго време се невработени и пробуваат да најдат некаква егзистенција, изјави Гоце Павловски од Синдикатот за култура.

Иако формално не се членови на СК, оштетените ја контактирале синдикалната организација и го изразиле разочарувањето од ситуацијата, дополнува Павловски.

Како што дознава Телма, се работи за лица ангажирани во Музејот на Македонија, Музејот на современа уметност и во Археолошкиот музеј. Потврда добивме од директорката на Археолошки , Славица Бабамова која во телефонскиот разговор ни рече дека проблемот не е до нив и дека чекаат на потребните сретства од Министерството за култура. Од МСУ ни одговорија дека кај нив проблемот се провлекува од декември наваму, а од Музејот на Македонија велат дека ова не е прв пат со месеци да доцнат платите и на договорците и на вработените на неопределено.

Од Министерството за култура без одговор зошто доцнат платите. Но, велат дека во пропишаниот рок испратиле барање до Министерството за финансии и дека на 27 јануари добиле назад одобрување на нивното барање. Сега тече постапката на процесуирање на исплатата на платите во институциите, дополуваат од ресорот Култура.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе