Свет

Лондонскиот суд го отфрли барањето за кауција на Асанж

Судот во Лондон го одби барањето за кауција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во затвор, објави денеска Скај Њуз.

Одбивањето на кауцијата следува откако британскиот суд во понеделникот одби да го испорача Асанж во САД поради неговата психичка состојба, односно стравувањата дека може да изврши самоубиство доколку биде екстрадиран.

Асанж не е виден во јавност како слободен човек од 2012 година, кога побара засолниште во еквадорската амбасада во Лондон.

Еквадор му одобри политички азил, што предизвика дипломатски превирања во Велика Британија, иако по седум години стана непосакуван гостин и членовите на Скотланд јард влегоа во амбасадата и го уапсија.

Граѓаните на Лондон последен пат го видоа Асанж во април 2019 година, кога полицијата го спроведуваше.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Поранешна британска министерка пронајдена мртва – полицијата го истражува случајот како убиство

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе