Ковид19 Македонија Топ вести

Филипче со најголема доверба во Владата

Во очекување на вакцинацијата против Ковид 19 што треба да стави крај на Пандемијата мнозинството граѓани во Анкетата на Телма и МЦМС се изјасниле дека не веруваат во здравствените власти дека имаат капацитет да ја спроведат. Или 60,5 отсто од испитаниците сметаат дека здравствените власти нема да можат навремено и и ефективно сите да ги вакцинираат. Сепак третина  или 34,7 отсто веруваат во капацитетот на здравството, додека 4 отсто немаат став за ова прашање.

Истражувањето е спроведено од М- Проспект во периодот од  16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен  примерок од 1000 испитаници, со маргина на грешка е +/3%  и на ниво на доверба од 95%.

Во најновата анкета на Телма и МЦМС  министерот за здравство Венко Филипче има највисока доверба од граѓаните во споредба со други министри во Владата, а и најдобри оценки целата Владата добила токму во справувањето со пандемијата.

Целосната анкета за  перцепцијата на граѓаните за справувањето со Пандемијата со Ковид 19  и дали доброволно ќе се вакцинираат, ќе  биде презентирана и анализирана во вечерашното издание на Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Полиција пред штабот на „Вреди“- симпатизери на ДУИ слават кај Скендербег

Дејан Дејан

Тошковски: Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР да утврди како е точно постапено во СВР Тетово

Дејан Дејан

ДИК по преброени над 63 отсто гласачки места: Силјановска – 214.560, Пендаровски – 105.593

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе