Од денеска, медицинскиот персонал во ковид-одделенијата на интерните клиники во Скопје е засилен со 12 лекари и 20 медицински сестри од Воено-медицинскиот центар. Тие засега ќе работат во тријажниот центар на Интерно каде ќе вршат прием на пациенти во ковид-одделенијата.
Од Министерството за здравство потсетуваат дека ова е само последната од низата чекори со кои Армијата се вклучи во справувањето со ковид-ситуацијата. Во петокот преку Министерството за здравство од Министерството за одбрана доби 10 000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецов Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила.
Исто така, припадници на Армијата, како невооружена сила се вклучија во обезбедувањето на ковид-центрите како поддршка на полицијата. Последните информации од петокот, се дека во обезбедувањето се вклучени 195 војници.
