Ковид19

Топ Тема – За предизвиците и проблемите со кои се соочуваат матичните лекари во работата со ковид пациентите

Доктор Светлана Смугреска, педијатар од Драчево, во вечерашната Топ Тема изјави дека процесот на тестирање на случаите сомнителни на Ковид -19 е исклучително тежок, бидејќи голем дел од граѓаните едноставно немаат средства за да се тестираат во приватните лаборатории, каде тестовите се прилично скапи. Тие луѓе чекаат слободен термин во јавното здравство, вели Смугреска.

Таа оцени и дека во грижата за пациентите сомнителни за Ковид-19, потребни се тријажни центри , каде би можеле да се прават рентгенолошки испитувања, лабораторија, биохемиски испитувања а за жал кај нас тоа не постои.

Доктор Смугреска го потенцираше и фактот дека голем дел од матичните лекари се изложени на голема опасност од зараза со корона вирус. Иако засега нема проценка колку од матичните лекари се позитивни на Ковид, таа пренесе дека во нејзината амбуланта повеќе од половината од лекарите биле или се заразени со корона вирусот. Во тој контекст, матичните лекари се претежно оставени сами на себе, за набавување на заштитната опрема, чии цени исто така се зголемени во услови на пандемија.

Во однос на грижата за лицата позитивни на Ковид-19, Смугреска оцени дека грижата за возрасните заразени лица е исклучително тешка, бидејќи еден доктор да се јави на 60 луѓе за да се информира како се чувствуваат тие и какви симптоми имаат е премногу тешко и губење на време и енергија.

Истовремено и грижата и терапијата која се припишува на пациентите понекогаш оди по автоматизам и знае да има контра-ефект , бидејќи на пример премногу едноставно се припишуваат големи дози Витамин Д , што од друга страна може да направи други проблеми, како проблеми со бубрезите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

Tea Dimkovska

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе