Ковид19 Македонија Топ вести

Термини за вакцинација нема, а пациентите нетрпеливи

Неколку дена по ред матичните гледаат хаос во системот наместо слободни термини за своите пациенти. Телефоните во ординациите постојано ѕвонат, но засега секој повик е залуден бидејќи ниту еден пациент не може да биде услужен од својот лекар. Во кризно време на Корона, кога и самите здравствени власти апелираат што помасовна вакцинација од сезонски грип за да не се преоптоварат болниците со болни и од грип во ситуација кога секој болнички кревет е важен во борбата со Ковид-19 – вакцинацијата донесе дополнителни главоболки за надлежните. А, дел од пациентите веќе се нетрпеливи.

Знаете, голем дел од пациентите подолго време ја очекуваа вакцината, а некои се веќе и нетрпеливи. Има и пациенти коишто купија од комерцијалните вакцини достапни во Центарот за јавно здравје во Скопје и за коишто во текот на вчерашниот ден добивме известување дека целата таа првична пратка од 2000 веќе била потрошена. Меѓутоа се обидуваме да избалансираме и да им кажеме дека веќе од наредната недела се надеваме дека ќе обезбедиме термини за вакцинација во еден од пунктовите во рамки на Здравствениот дом – Скопје, вели д-р. Кирил Солески Специјалист по Семејна медицина од поликлиника СеМед.

Доктор Солески е еден од многуте матични лекари коишто имале проблем уште веднаш штом биле пуштени термините за закажување. Некои од нив не успеале ниту воопшто. Побаравме објаснување од луѓето одговорни за системот „Мој термин“, но не добивме одговор зошто нема веќе термини, кога биле пуштени термините за закажување и за колку време пополнети. Од Министерството за здравство велат дека секој петок од тековната недела се отвараат термините за вакцинација за наредната недела. Тоа што недостасуваат термини за матичните лекари да закажуваат за своите пациенти коишто спаѓаат во групата на хронично болни, бремени жени, деца до пет години – не било недостаток туку резултат на системското менаџирање на целиот процес.

Вакцини има за сите. Се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде што физичката и временска дистанца помеѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор, велат од здравство.

Годинава набавени се 40.000 вакцини против сезонски грип – бројка поголема за повеќе ланската набавка, и тоа за 12 илјади дози повеќе, со оглед и на зголемената побарувачка за истите. Комерцијални вакцини во скопскиот Центар за јавно здравје имаше вкупно две илјади на број, по цена од 800 денари. Потрошени за еден ден, па веќе се очекува да пристигне нова пратка со истата количина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Британскиот премиер Стармер, без да го именува Џ.Д Венс, ги критикуваше „луѓето кои се мешаат во нашата демократија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе