Вести Ковид19 Македонија

И Господ во анти корона инспекциска битка, со верба за здрави инспектори додека нови ќе се примаат догодина бидејќи МФ не дозволи 20 итно да се вработат  

-Како се снаоѓаме? Сите инспектори, молиме Бога да се здрави и живи, и да издржат, да ги завршат сите работи и работни задачи кои ни се дадени, одговори директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на прашањето на Телма за барањето за вработување на 20 инспектори во ДПИ за потребите на честите инспекции во време на корона-време.

Барањето беше одбиено од Министерството за финансии, а со новите измени во законот за заразни болести кои се во собраниска процедура, инспекторите добиваат многу поголеми ингеренции со можност веднаш да реагираат и да затвораат објекти кои ги прекршуваат анти-ковид мерките.

Работите тргнаа по реакциите во јавноста, вели Пауновски, а нови инспектори ќе има но дури догодина.

– Одговорно ви кажувам дека работите тргнаа од мртва точка. Преку Инспекцискиот совет, не само за пазарниот, туку и за другите инспекторати, направена е анализа за потреба на нови инспектори. Ние можеби имаме вишок администрација, од која не можеме да земеме кадар за инспекцискиот оддел. Она што Владата го презема е дека наредната година ќе ни излезе во пресрет и ние ќе ги добиеме барем тие 20 нови вработувања, претежно на инспектори,  рече  Пауновски.

– Се што ни е дадено како задача, се трудиме максимално да го испочитуваме. Не постои место каде инспекторите не пристапуваат и каде е потребна контрола, а таа да не е извршена. Во последната недела намалени се и кривичните пријави, бидејќи и луѓето сфатија дека инспекторите се на терен, дека треба да ги почитуваат протоколите. Она што ни се случува со прекубројноста на новозаразени и починатите, почна полека да ја враќа свеста кај граѓаните и кај стопанските субјекти кои се предмет на нашите контроли, изјави директорот на ДПИ Стојко Пауновски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе