Ковид19 Топ вести

Филипче во Топ Тема: Доколку предложените мерки бидат почитувани, за два – три месеци, ќе спласне трансмисијата

Овој пакет на мерки за борба против Ковид- 19 е така димензиониран, да доколку се почитуваат препораките на комисијата при министерството за здравство,  може оваа трансмисија на вирусот со која се соочуваме во моментов  да спласне за едно два три месеци, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашната Топ Тема.

Тој оцени дека мерките кои делумно веќе се применуваат а дел треба да бидат усвоени на утрешната собраниска седница, како што е задолжителното носење маски на отворено, ќе го дадат посакуваниот резултат, но само доколку бидат почитувани од граѓаните.

Тој оцени дека овој раст на случаите бил предвиден и здравствените власти уште во време на летните месеци предупредувале на опасноста. Според Филипче новиот пик на пандемијата бил очекуван од сите земји на северната хемисфера, како и  соседните земји , Косово, Србија, Хрватска.

Министерот за здравсво потсети дека во Македонија цело време по попуштањето на строгите мерки имаше сепак мерка на рестрикции и никогаш немаше целосно ослободено движење а маските требаше да се носат на затворено.  Растот бил очекуван затоа што прво се вратиле луѓето од годишните одмори, започнале да работат во канцелариите а за жал продолжило и прекршувањето на мерките.

Филипче потенцираше дека еден од најважните параметри, кои го следат експертите е капацитетот на болниците, кој е индикативен за ширењето на пандемијата.

Во однос на тоа зошто не се спроведуваат таргетирани рестрикции, особено во општините каде има поголем број на случаи, како што се скопските општини, Аеродром и Центар, Филипче изјави дека бројката на новодијагностицирани пациенти сама по себе не значи ништо. Битни се одговорите од прашалниците, како се заразиле, во каква здравствена состојба се луѓето, бидејќи има многу позитивни случаи кои се во добра состојба со лесни симптоми. Како пример тој го посочи Демир Хисар, каде биле дијагностицирани 26 случаи, но сите се без симптоми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе