Ковид19 Македонија Топ вести

Стевановиќ во Топ Тема: За мене е неприфатливо кога светот гори од Ковид-19, луѓето да не преземаат мерки да се заштитат себеси

Континуираното непочитување на мерките, опуштање на граѓаните во однесувањето, го гледаме сега пресликано во бројките, оцени во вечерашната “Топ Тема”, директорката на инфективната клиника, доктор Милена Стевановиќ.

“За мене како професионалец, неприфалтиво е во оваа ера кога светот гори од Ковид-19, да биде неопходна закана од казнена мерка за да некој човек преземе едноставни мерки да се заштити себеси и своите блиски, навистина тоа не ми е прифатливо” – подвлече Стевановик.

Во однос на игнорирањето на препораките на медицинските работници, директорката на инфективна, истакна дека не верува дека станува збор за неинформираност кај овие луѓе.

“Пред некој ден имавме случај, кога еден член на семејство починува од Ковид-19 а неговите најблиски не веруваат дека жртват починала од оваа болест. Веројатно секогаш ќе има популација која попрво ќе верува во теориите на заговор, отколку во медицинските факти кои ги кажуваат експерите” – изјави Стевановиќ.

Таа посочи дека во моментов на клиниката има хоспитализирано 95 лица, со што таа е блиску до максималниот капацитет.

Последните денови се примаат од 13 до 14 пациенти а иако истовремено се испишуваат и пациенти кои се оздравени, тој сооднос не е таков за да не се предвиди дека за многу кратко време, капацитетот на клиниката ќе биде целосно пополнет и ќе мора во функција да се стави монтажната болница, која е комплетно опремена и подготвена за прием на пациенти.

Стевановиќ оцени и дека недостаток на медицински персонал секогаш ќе има и нормално е дека медицинските тимови кои се грижат за болните на клиниката се веќе заморни. Затоа таа апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и да сфатат дека непочитувањето создава ризик за здравјето на болните.

Не се создаваат специјалисти за неколку месеци” – изјави Стевановиќ

Во однос на бројот на големиот број починати од корона вирусот во Македонија, таа изјави дека причините се повеќеслојни и комплексни и за да се најде одговорот потребно е темелно испитување во нормални услови, што не може да се направи во период на пандемија.

Во однос на прашањето за леталитетот од Ковид-19 во Македонија, Стевановиќ потврди дека стапката на леталитет на инфективната клиника е 23 од 100 хоспитализирани пациенти.Од луѓето кои ја губат битката со Ковид -19,  72% се со опасни коморбидитети и тоа по 2 коморбодитети.

“Од бројките кои ние ги имаме, пресметаната стапка на леталитет е 23 лица на 100 хоспитализирани пациенти, многу е значајно да се каже возрасната група на пациентите. Преку 50% од пациентите се над 63 годишна возраст. На 23 години ни беше најмладиот починат пациент. Од овие пациенти, 72% од нив се со коморбидитети и тоа најмалку 2 коморбидитети. Од оние највисоко ризичните: висок притисок, различни срцеви заболувања, шеќерна болест, малигни заболувања, хематолошки заболувања. Тоа е еден многу сериозен момент во развојот на клиничката слика. Ние 77% од пациентите ни се излекувани надвор од клиниката со истите овие коморбидитети и тежина на болест сме успеале да ги излекуваме” – изјави Стевановиќ.

Таа подлвече и дека воочливо е дека луѓето кои починуваат доаѓаат предоцна во болницата.

Над 50 % од болните се дојдени најмалку 7 дена по почетокот на болеста а дел од нив и по 10 дена од заболувањето, кога веќе имаат тешка болест, со развиени тешки симптоми и последици, за кои грижата е исклучително тешка и сложена.

Мал е просторот и времето кое го имате на располагање да лекувате и да успеете да ги надминете овие моменти, со веќе комплетно развиена болест и нејзините последици. Од целата таа бројка на пациенти кои доаѓаат кај нас, 33 од нив или 14% се во критична состојба и поминале само неколку дена во клиниката а некои од нив и помалку од 24 часа. Во исклучително тешка здравствена состојба 77% од нив а во средно тешка состојба 8 посто. Тоа доволно зборува за тешката болест и врзаните раце на лекарот за помош” – појасни Стевановиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе