Македонија Топ вести

Нефи Усеини понудил 10.000 евра во кеш како гаранција за да излезе од притвор

Охридскиот советник Нефи Усеини понудил пари како гаранција за да излезе од затворскиот притвор во кој замина сам по 6-дневна недостапност на полицијата.

Адвокатот на осомничените браќа Усеини за Телма потврди дека е понудена гаранција за да им се укине мерката притвор или да им се замени затворскиот со домашен притвор или друга поблага мерка.

Двајцата понудиле по 10 илјади евра во кеш како судска гаранција, односно вкупната готовина подготвена за таа цел е 20 илјади евра.

Во охридскиот суд не соопштија детали дали и кога ќе одлучат, а претседателот на судот Васил Баткоски ни рече дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.

Според информациите на Телма, обвинителството веќе се изјаснило негативно за барањето за укинување на притворот и бара браќата Усеини да останат во притвор.

Нефи Усеини и неговиот брат се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски. Обвинителството води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Според првичниот исказ на нападнатиот тој бил тепан со пиштол по глава, но потоа со изјава преку својот адвокат, Топалоски тврдеше дека не видел оружје и недоразбирањата со неговиот пријател се надминати.

Во обвинителството, жртвата Топалоски досега дал само еден исказ по нападот. Во истрагата се најдени снимки од безбедносни камери на кои се гледа како Топалоски е нападнат и удиран со пиштол по глава.

Откако беше соопштено дека напаѓач е Нефи Усеини, советник на ДУИ бво општина Охрид, обвинителството не успеа да го најде заедно со полицијата, а минатиот четврток му беше определен 8-дневен притвор. По 6 дена недостапност и бегство, Усеини и братот заедно се пријавија во охридскиот затвор.

Усеини е сопственик на повеќе објекти во Охрид кои се дивоградби, но се уште не се чепнати. Се водат и други постапки против него и за дивоградби, но и за физички напад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе