Ковид19 Свет

Расте бројот нови случаи корона вирус во Франција – 4771 во последните 24 часа

Во последните 24 часа во Франција се регистрирани нови 4.771 случаи на коронавирус, соопшти Генералниот директор за здравство.

Вчера беа откриени 3.776 случаи, односно за една недела беа идентификувани вкупно 18.638 случаи. Стапката на позитивни лица на тестовите е се уште висока, достигнувајќи 3,3 отсто.

Изминатите 24 часа, од Ковид-19 умреле 12 лица, со што вкупниот број на жртви од болеста достигна 30.480. Вкупно 4.748 лица во моментов се водат како пациенти од Ковид-19 во болниците. Меѓу нив, 28 нови пациенти биле примени на интензивна нега, со што бројот на пациенти во овие единици се зголеми на 380.

Според последниот извештај, 410 „кластери“ или извори на зараза се уште се активни на територијата на Франција, меѓу кои 35 се откриени во последните 24 часа. Жариштата на заразата најчесто се пошироките семејни средини или јавните собири со 25 отсто од кластерите, потоа здравствените установи со 14 отсто и претпријатијата со 26 отсто.

Здарвствените власти препорачуваат почитување на растојанието од еден метар, миење на рацете и носење маска, за да се избегне ризикот од зараза. И како што летната сезона полека се приближува кон крајот, Генералниот директорат за здравство ги охрабрува сите да се тестираат при враќањето од одмор.

За потсетување, од 1 септември  задолжително ќе биде носењето маска во француските претпријатија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Дејан Дејан

Остин: Претседателот на САД одлучи да се прекине испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе