Ковид19 Македонија

Македонските државјани може да транзитираат низ Србија без ПЦР-тест

Според новите правила кои ги донесе Министерството за здравство на Србија, македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија од денеска не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во оваа земја.

Во согласност со Упатството на Министерството за здравство на Република Србија, влез за македонски државјани е дозволен доколку се поседува негативен ПцР-тест за присуство на коронавирус, не постар од 48 часа од датумот на издавање, издаден од референтната лабораторија на земјата од каде влегуваат во Србија.

Доколку само се транзитира низ територијата на Србија, македонските државјани не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест, со тоа што периодот на транзитирање е ограничен на 12 часа од моментот на преминување на границата.

Дополнителни потврди нема да бидат потребни и за деца под 12-годишна возраст, доколку родителот, старателот или друго лице кое го придружува има негативен РТ-ПЦР тест, за странските државјани на кои им е одобрен привремен престој или постојан престој во Србија, како и за членовите на странските воени, полициски и други безбедносни служби што се во транзит низ територијата на Србија или кои се во оваа земја поради вршење службени задачи, со претходно известување.

Информација со новите детали за новите правила на влез и излез на македонските државјани во Србија објави и Македонската амбасада во Белград на својата Фејсбук-страница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе