Македонија Топ вести

Стечајот на Еуростандард ќе го води Душко Тодевски, прво рочиште за долговите на 8-ми октомври

Во петок е отворена стечајната постапка за Еуростандард банка, соопшти денеска надлежниот Основен граѓански суд во Скопје.
За стечаен управник е назначен Душко Тодевски од Скопје. Првото рочиште за доверителите и долговите ќе биде одржано на 8-ми октомври.
Во соопштението судот наведува:
-Ве известуваме дека со Решение СТ  123/20 од 14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје.

По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Банките во судир со Славески и Кочоска заради новите банкарски ценовници

Дејан Дејан

Одбраната на Богоев поднесе жалба – притворот е непотребен велат кривичарите

Дејан Дејан

Започнува подготовката на Стратегија за развој на туризмот 2027-2032

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе