Ковид19 Свет Топ вести

Франција на карантинската листа на Британија, илјадници патници заглавени

Разочараните патници во Франција ги скратија своите патувања и ги променија плановите за да тргнат назад во Британија, само неколку часа откако британската влада објави дека ќе воведе задолжителен 14 дневен карантин.

Британските власти ја тргнаа Франција од листата ослободени од карантин поради се поголемиот број на инфицирани со Ковид – 19, кој надминува 66% од населението.

Дел од Британците кои се затекнаа во Франција ги прекинаа своите одмори за да се вратат навреме во својата земја. Нервозни и заради непланираните финансиски издатоци.

Требаше да се вратам утре, утре навечер. Но по вчерашната најава одлучив да поместам за денеска и да, тоа ме чинише 105 фунти за да ја променам картата и за моите деца – Фирас Килин, патник од Лондон.

Токму сега заминував на одмор во Франција. Резервација направив после 10 јули, кога ни рекоа дека можеме да патуваме. И тоа беше само за една недела. Све беше во ред. Беше тоа поволно време. И тогаш почнав да добивам пораки пораки од пријателите и семејството, кои ми велеа, дека треба да размислам за враќање дома бидејќи ќе одбјават дека Франција веројатно ќе се најде на карантинската листа. Не не може тоа да биде во ред. Не е сосема сигурно. Но веста стигна доцна синоќа и тоа е тоа. Сега, мора само да резервираме. Моравме супер брзо да стигнеме. Фрустрирачки е. Но еве не – Даниел Абудли, британски патник.

Младата Рокси пак не се откажува оди да ја посети својата мајка во Париз, која ја нема видено од февруар и вели дека не се грижи за карантинот бидејќи и онака работи од дома.

Да одам во Париз за да ја видам мојата мајка. Да бидам корекна, беше апсолутно без врска. Но, го планиравме ова патување долго време. Не сум ја видела од февруар. Значи, работам дома, така што нема страшно голема разлика за мене – Рокси Бариж, британска патничка.

Иако бројот на заболени расте и во Британија, земјата на листа ги ставени и Холандија, Малта и Монако.

Париската полиција од денеска пак ќе ги лови оние луѓе кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки, како забраната за собирање на повеќе од 10 луѓе и задолжителното носење маски кое важи во делот на Елисејските полиња во централниот дел на градот каде се наоѓа и музејот Лувр, како и шеталиштатша долж Сена – места омилени на туристите.

Германија пак ја прогласи речиси цела Шпанија, вклучувајќи го и туристичкиот остров Мајорка, за регион од висок ризик од ширење на коронавирус. Тоа значи дека луѓето кои се враќаат од тие области ги чека тест за коронавирусот и можен двонеделен карантин. Туристичките асоцијации и во Франција и во Шпанија ова го сметаат за силен удар.

И покрај критиките, Русија не отстапува од вакцината, денеска тамошното министерство за здравство објави дека почнува со производство на вакцина. Вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеја“ треба да биде на пазарот на крајот на овој месец.

Индија, земјата во која бројот на заразени надминува 2,5 милиони, тестира три вакцини против коронавирусот и веќе има план да ги дистрибуира до граѓаните во најкус можен рок.

Короната е голема криза, но не е толку голема за да го запре патот на победата на самостојна Индија – Нарендта Моди, индиски премиер.

Не со подобрува ситуацијата ниту во соединетите држави. Повеќе од 1.000 Американци ги губат животите од новиот коронавирус секој ден во изминатите две недели, а Центрите за контрола на болести предвидуваат дека бројот на смртни случаи би можел да достигне 200.000 до почетокот на септември.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бајден не очекува брз прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Изборот на новата влада следниот викенд

Дејан Дејан

Над 44 степени највисоката максимална температура во Грција во текот на вчерашниот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе