Македонија Најважни

Заев и Ахмети не постигнаа договор за нова Влада

Уште една неуспешна средба Заев-Ахмети во обидот да се договори ново парламентарно мнозинство и владина коалиција. Лидерот на ДУИ вели дека се уште се на почеток, а лидерот на СДСМ се согласува дека ги чека уште многу работа. Обајцата не откриваат детали и не потврдуваат дали главна пречка за постигнување договор е премиерската функција.

Немам коментар за да не влијаам негативно на преговарачкиот процес. Да оставиме на крајот ќе си има комплетен договор со сите детали. Се видовме и со Алијансата и со Алтернатива минатата недела, а логично е да продолжиме со партијата што има најмногу мандати од албанскиот блок. Сега разговараме со ДУИ. До тука сме дојдени, ее денеска соопштуваме. Би сакал наредните денови да ја постигнеме преговарачката рамка, но секако тоа зависи и од другата страна, изјави Заев по средбата.

 

Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и последниот збор да го кажам прв. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока, во прилог на државата. Но, само што почнавме. Колку сме блиску толку сме и далеку, порача Ахмети.

Претпладнето, Ахмети упати покана до лидерите на Алијанса, Алтернатива, БЕСА и ДПА за средба на годишнината од Рамковниот договор. Тие се уште размислуваат што да му одговорат, но Заев ова го сфати како притисок врз нивните преговори.

Да, го чувствувам како притисок. Понатаму нема да разговарам, сакам да дадам шанса на разговорите, но може и другите партии – претставници на неалбанските граѓани во државата да се соберат. Ако е повод Охридскиот рамковен договор, треба да бидат таму и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ како потписници, рече Заев.

И Ахмети почувствувал притисок, но за да закаже ваква средба со другите партии на Албанците.

Не се работи за одбележување на годишнина на Рамковниот договор. Имаше притисок од помалите партии на албанците за продолжување на комуникацијата и заземање заеднички став за Охридскиот договор, Преспанскиот договор, законот за јазици, изградба на стандарди за ЕУ и други стратешки прашања за државата. Не е закана или притисок врз преговорите со СДСМ, но јас бев под притисок дека не сум свикал средба, рече тој.

Разговорите СДСМ-ДУИ ќе продолжат во наредните денови. Заев очекува да го добие мандатот од шефот на државата, а оптимист е дека до крајот на неделата ќе може да соопшти дека договор е постигнат.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе