Ковид19 Македонија Најважни

Непознато е како ќе се одвива наставата во училиштата – од МОН сè уште молк

20 дена до почетокот на новата учебна, а одлука од надлежните се уште нема. Како ќе се одвива наставата не се знае, а поделени ставови има насекаде – почнувајќи од институциите.

Членовите на Комисијата за заштита од заразни болести денес одржаа состанок, а ќе се сретнат и утре затоа што се уште не можат финално да се договорат – кој модел е најбезбеден за одржување на наставата во ситуација кога бројките на новозаразени со Ковид остануваат високи.

Извори од Комисијата за Телма велат дека едно од можните решенија е првачињата и децата од другите пониски одделенија да одат на училиште, а повозрасните да учат онлајн.

Растојанието во училницата е задолжително, но има и училишта каде што нема услови за целосно спроведување на протоколите, ниту пак санитарни јазли што е основен предуслов за хигиена.

Конечната одлука останува на Министерството за образование, а оттаму се уште молк.

Група граѓани веќе се организираа на социјалните мрежи и потпишуваат петиција со која бараат онлајн-наставата да продолжи и во новата учебна година.

„Да се донесе одлука онлајн настава на далечина во училиштата за сите ученици, а посебно да бидат опфатени децата од прво до петто одделение имајќи ја предвид возраста и неможноста за самостојно почитување на здравствените протоколи. Единствено со онлајн настава ќе се заштитат децата, наставниците, родителите и нивните блиски, вработените, ризичните групи и целата популација“ пишува во дел од петицијата на граѓани.

Но, и граѓаните се поделени во ставовите. Некои сметаат дека социјализацијата на децата не смее да се занемари ниту во време на пандемија и немаат никаква дилема за враќањето на децата во училишните клупи.

Министерот за образование Адеми денес излезе од изолација откако беше позитивен на Ковид-19, а претходно и самиот тој изјави дека има доволно време до први септември за навреме да се организира почетокот новата учебна година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ѝ се заблагодари на Македонија за достигнатите 2% БДП за одбраната

Дејан Дејан

Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, нема да се пресели на „Илинденска“ во Скопје

Дејан Дејан

Училишните дворови во Тетово и ова лето ќе бидат паркиралишта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе