Ковид19 Македонија Топ вести

Филипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија во кои ќе се прави брза дијагностика на Ковид-19

Се зголемува бројот на болнички капацитети во сите 16 болници кои ќе добијат модуларни мини инфективни одделенија со цел тие со сега посебните објекти, да останат целосно „чисти“ за да може нормалната патологија што се работи едноставно да не трпи и пациентите да можат да добијат здравствена услуга, како и да не се креираат листи на чекање. Ќе се инсталираат апарати за дијагностика во сите овие центри за брза дијагноза на вирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој во синоќешното гостување на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија рече дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со коронавирус.

Посочи дека за секој еден пациент е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина.

– Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањето преку системот за консултација, па дури и физичко присуствуваа. И анестезиолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат пациентите од Ковид-19, кои се поставуваат на респираторна машина. Тоа се експерти со големо искуство во ракувањето со овие машини, затоа што тоа бара и одредено познавање на самата машина, но и во типот на лекување. Тоа лекување на пациент во интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина е – ќе кажам – медицина во мало. Тука се обединети знаења и искуства од многу специјалности, додаде Филипче

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе