Ковид19 Македонија

Комисијата за заразни болести предлага по едно дете на клупа и задолжетно носење на маска

Преполовени паралелки,  скратени часови , наставници кои ќе ја предаваат истата лекција скратено, по 20 минути на 2 групи од исто одделение – ова се само дел од препораките и протоколите на МОН за новата  учебна година, објаснуваат од министерството за Телма. Тие денеска објавија упатство и видео за чистење и дезинфекција на училници во време на корона пандемија. Одлогање на школската година нема да има па се очекува учениците со маски на лицето и на дистанца да се најдат во училишните клупи на први септември.

Протоколите за отворање на училиштата се готови , останува да се доконкретизираат некои работи. Министерството за образование побара од СОНК да се вкучи со свои препораки и мислење.  Очекуваме да добиме став од нив до четврток. За до понеделник протоколите да можат да бидат усвоени на седница на Владата, вели Елизабета Наумовска, Заменик-министерка за образование и наука.

Заменик-министерката  Наумовска додава дека протоколите по донесувањето веднаш ќе бидат пратени до училиштатата за да имаат доволно време да се спремат за училишната година.

Училиштата се на колективен одмор до 12 – ти. До тогаш ќе ги соопштиме протоколите, за дадиректорите на училиштата имаат една недела да направат план за своето училиште според насоките од МОН затоа што, тие најдобро ја знаат состојбата на свој терен и како најдобро да ја изменаџираат состојбата, вели Наумовска.

Онаму каде што ќе нема услови учениците да учат на дистанца, или пак населбата и градот каде што е училиштето е ковид жариште ќе учат како и досега – онлајн. Од работа и настава ќе бидат ослободени наставниците и учениците со хронични болести. Инаку училиштата во Македонија беа затворени на 11 март, а учениците годината ја завршија онлајн.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе