Вести Македонија

Насилниот советник од кабинетот на Чулев се враќа на работа со казна од плата во следните 6 месеци

Во експресно постапување заврши дисциплинската постапка против Зоран Ѓорѓиевски, државен советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев поради инцидентот и нападот врз началникот на тетовската сообраќајна полиција на денот на изборите.

Според информациите на Телма, Ѓорѓиевски е казнет со по 15 % од плата во периодот од 6 месеци. Исто така одлуката е да му се укине суспензијата и тој да се врати на работа веднаш. Насилниот полициски советник беше суспендиран вчера и по само еден ден суспензија се враќа на работното место во кабинетот, а од понеделник во СВР Тетово каде е инспектор и каде секојдневно ќе се гледа со колегата кого го нападна.

Обвинителството продолжува да работи на предметот против него бидејќи е осомничен за две кривични дела насилство и малтретирање при вршење на служба.

Доколку обвинителството покрене обвинение и има судска пресуда со затворска казна повисока од 6 месеци тогаш автоматски насилсниот полицаец ќе замине од МВР. Дотогаш ќе биде инспектор.

Од кабинетот на Чулев тврдат дека на Ѓорѓиевски му е определена најтешката казна за таков вид прекршок.

-Во текот на денешниот ден по иницијатива на одделот за внатрешна контрола беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност при што од страна на дисциплинска комисија до Министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка.  Предлогот е прифатен од страна на Министерот Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка.Во текот на изминатиот период во неколку наврати Министерот Чулев потенцираше дека законите се спроведуваат неселективно без разлика на партиската, верската и национална припадност, а постапувањето во конкретниот случај е уште една потврда за таа заложба, не известија од тимот на министерот Наќе Чулев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Блинкен со јасен став за нападот на Иран врз Израел

Дејан Дејан

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе