Избори 2020 Македонија

Управен суд денеска ќе ги разгледа тужбите поднесени од АА и Алтернатива и од Интегра 

Управниот суд за денеска закажа повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и една тужба поднесена од Интегра.

Тужбите, како што претходно најави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка.

По решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори тужби до Управниот суд најавија и Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК и истекува денеска попладне.

Од Државната изборна комисија, вчера информираа дека до 14 часот решенија за отфрлање или одбивање на приговорите подигнале претставници и на Левица, додека на партиите кои не ги подигне решенијата, тие им се испраќаат по електронска пошта и се сметаат за уредно доставени пет часа од испраќањето.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе