Избори 2020 Македонија

Алијанса за Албанците бара ДИК да ги преиспита изборните резултати

ДИК да ги преиспита изборните резултати, побара вечерва Алијанса за Албанците, со тврдење дека и 24 часа по завршувањето на изборите се уште нема прелиминарни резултати од Државната изборна комисија. Според Алијанса, недостигот на службени информации, разните шпекулации, блокирањето и нападот врз веб-страницатана ДИК и целата нејаснотија околу процесот остава многу сомнежи врз процесот на броење на гласовите и ја прави спорна победата на ДУИ.

Имајќи в предвид дека денес нашите изборни штабови и наблудувачи доаѓаат со разни информации, кои не се совпаѓаат со оние кои се објавени од страна на ДИК, додека се известува за низа нерегуларности, манипулации или злоупотреби со изборниот процес, денес сме тука да истакнеме дека за нас се многу проблематични и нодеверливи бројките кои беа изнесени синоќа. Поаѓајќи од ова, како и од добиените информации дека во некои избирачки места имало полнење на кутии како во Сарај, „бугарски воз“ во општина Липково, потоа гласање за иселениците во Дебар и брутално полнење на кутиите во Зајаз, Пласница и Кичево, но и од информациите дека какви појави имало и во чисто македонски населени места, каде ДУИ чудесно има добиено низа гласови, сето ова зборува за тоа дека изборниот процес е далеку од тоа што ние посакуваме да биде, па затоа податоците кои оваа партија ја прогласуваат за победничка, се спорни, изјави Арбен Лабуништа од Алијанса за Албанците.

Алијанса освен што побара од ДИК да ги преиспита изборните резултати, ги повика ОДИХР, како и меѓународни пријатели, да помогнат во утврдување на процесот, бидејќи на ваков начин се губи кредибилитетот на изборите и воопшто на демократијата во земја.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе