Спорт Тенис

Ѓорческа чека виза за Велика Британија за да може да игра на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа поради добриот ранкинг и резултатите оваа сезона се избори за настап во квалификациите на Вимблдон. Но Ѓорческа има сериозен административен проблем да добие виза за влез во Велика Британија.

Македонката сезонава веќе настапи во квалификациите на Австралија опен и Ролан Гарос, па Вимблдон треба да биде нејзиниот трет грен слем турнир во 2024 година. Од Тениската федерација на Македонија велат дека Ѓорческа се уште чека на британска виза. Таа апликацијата за виза ја пополнила пред 20-тина дена, а имала и разговор, но одговор и натаму нема.

Квалификациите стартуваат на 24.јуни, а и организаторот на турнирот најавил дека ќе преземе чекори Ѓорческа и нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ да ја добијат потребната виза за влез во Велика Британија.

Ова за Ѓорческа треба да биде втор настап на Вимблдон. Првиот беше во 2017 година кога исто поради визата дојде на еден ден пред мечот, со што немаше време за прилагодување на тревнатата подлога.

Доколку Лина добие виза во следните два дена, во план е настап и на уште еден турнир во Англија како подготовка за Вимблдон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Познати осминафиналните двојки на Евро 2024

Дејан Дејан

Грузија триумфираше над Португалија и се пласира во осминафиналето

Дејан Дејан

Фрапар ќе и суди на Струга ТЛ во Братислава

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе