Заглавениот пиштол ја спаси аргентинската потпретседателка Кристина Фернандес де Киршнер да избегне атентат. Враќајќи се од судското рочиште пред нејзиниот дом биле собрани илјадници поддржувачи. Киршнер ги поздравувала насобраните кога одеднаш пред неа излегол маж, и вперил пиштол во лицето, го репетирал, се обидел да пука, но пиштолот се заглавил токму во тој момент. Низ социјалните медиуми се прошири снимката на која јасно се гледа инцидентот….се се одвива толку брзо што и самата Киршнер потоа ги убедувала телохранителите да го остават напаѓачот, велат сведоците.
Бев таму, се поздравувавме со Кристина кога се случи ова. Отпрвин не знаев што се случува, но ја слушнав вревата кога го активираше пиштолот, не разбирајќи дека тоа е пиштол додека обезбедувањето не скокна врз него. Кристина не беше свесна и им рече „остави го на мира, му падна нешто. Но не, тој го фрли пиштолот затоа што другар го удри по раката, вели Џина Де Баи, сведок на настанот.
Напаѓачот е веднаш совладан. 35-годишниот Бразилец кој 20 години живее во Аргентина добро и е познат на полицијата. Против него има кривична пријава која ја добил откако во неговото такси возило е пронајдена мачета. На социјалните мрежи брзо се прошири неговата фотографија на која се гледа дека на лактот има тетоважа црно сонце – нордиски симбол преземен од нацистите и окултното друштво Туле, основано од богати аристократи, а ја бранело надмоќта на ариевската раса. Познати се што во почетокот на 20-от век извршиле стотици политички злосторства.
Претседателот на Аргентина, кој е и сопруг на Киршнер, нападот го осуди како најсериозниот инцидент откако е вратена демократијата во 1983 година по воената диктатура и ги повика политичките лидери и општеството во целост да го отфрлат обидите за атентати на политичари.
Ги повикувам сите аргентински мажи и жени, целото политичко и општествено раководство, медиумите и општеството да отфрлат каква било форма на насилство. Треба да ги изолираме, а не да ги потврдуваме и да ги отфрламе дисквалификаторските, стигматизирачките и навредливи зборови што тие сами нè разделуваат и се соочуваат со нас, изјави аргентинскиот претседател, Алберто Фернандеш.
Но, оваа изјава од претседателот наиде на критика од опозицијата. Велат дека наместо сериозна осида и истрага за инцидентот, претседателот ги навредува опозицијата и новинарите. Му порачаа да не си игра со оган.
69-годишната де Киршнер е обвинета за корупција и измама во врска со доделување јавни договори, за време на двата претседателски мандата од 2007 до 2015 година. Таа ги негира обвинувањата, но ако судот ја прогласи за виновна, се соочува со затворска казна од 12 години.
Алиса Шутиноска
