Вести Свет

Лула фаворит на претседателските избори во Бразил, Болсонаро ја намалува разликата

Претседателскиот кандидат Луис Инасио Лула да Силва има 13 процентни поени предност пред неговиот соперник, актуелниот бразилски претседателот Жаир Болсонаро, на еден месец пред претседателските избори закажани за 2 октомври, но радикалниот десничар ја намали предноста на својот левичарски ривал, покажа најновата анкета на агенцијата „Датафолха“, што вчера беше објавено.

Анкетата покажа дека Лула во првиот круг од изборите на 2 октомври ќе освои 45 отсто од гласовите на избирачите, а Болсонаро 32 отсто, во однос на 47 наспроти  32 отсто во претходната анкета.

Во очекуваниот втор круг, Лула би го победил Болсонаро со 53 наспроти 38 отсто од гласовите. Тоа е разлика од 15 процентни поени, во споредба со 17 пред две недели, покажа новата анкета.

„Датафолха“ спроведе тет-а-тет интервјуа со 5.734 лица од 30 август до 1 септември. Маргината на грешка е два процентни поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Дејан Дејан

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Предупредување: Небезбедна водата во Ореовец и Леништа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе