Помало количество на гориво истече во морето откако во понеделникот од бродот „OS-35″ што се судри со помал брод и заглави кај Гибралтар.
Според Капетанот на пристаништето Гибралтар истекувањето е „целосно под контрола“.
Нафтата ја собираат два брода од пристаништето на Гибралтар и шпанскиот поморски спасувачки центар.
Нуркачите испратени до бродот веќе ги затворија двата отвори во резервоарите за гориво од каде имаше протекување.
Бродот има складирано 215 тони мазут, 250 тони дизел и 27 тони масло за подмачкување, пренесува шпанската новинска агенција EFE.
Прометното пристаниште Гибралтар останува затворено, додека сообраќајот се пренасочува кон соседното пристаниште Алгесирас кое е целосно оперативно.
Од бродот „OS-35″ што се наоѓа во близина на брегот на Гибралтар во најјужниот дел на Пиринејскиот полуостров почнало да истекува гориво, откако во понеделникот вечерта се судри со друг брод што превезувал течен природен гас. Екипажот составен од 24 члена е евакуиран.
Според гибралтарските власти, трупот на товарниот брод напукнал, но се уште пловилото е во еден дел.
Судирот со бродот што превезувал течен гас се случил кога „ОС-35“ се обидел со манвеар да го напушти Гибралтарскиот залив. Непосредно по инцидентот привремено бил прекинат целиот морски сообраќај во пристаништето.
Властите објавија дека едно лице е уапсено во врска со инцидентот, но не дадоа дополнителни информации.
