Вести Свет

(ВИДЕО) Путин се прости од последниот политички лидер на СССР

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се прости од последниот политички лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, кој почина пред два дена по долго боледување на 92 годишна возраст.

Погребот на Горбачов ќе биде во сабота, но Путин нема да присуствува поради претходно испланирани активности, соопшти Кремљ. Портпаролот, Дмитриј Песков, информира дека последното испраќање на Горбачов ќе има елементи на државнички погреб, со почесна гарда.

Горбачов ќе остане запамтен како последниот светски претседател, кој ја заврши Студента војна без крвопролевање, но не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз. Тој постигна партнерства со западните сили за да ја отстрани железната завеса што ја делеше Европа од Втората светска војна, и да доведе до повторно обединување на Германија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе