Украина не може да ја гарантира безбедноста на тимот инспектори на ОН кои денеска пристигнаа во нуклеарната централа „Запорожје“.
Ситуацијата околу нуклеарната централа е „хаотична“ изјави украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко кој ја придружуваше мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија пред тимот да влезе на територијата која е под контрола на руските трупи.
Му порачал на генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси дека безбедноста на мисијата е негова одговорност.
Меѓувреме во видеообраќање од нуклеарката Запорожје се огласи Гроси кој информира дека неговиот тим денеска ја завршил првата обиколка, а планот е да се воспостави „континуирано присуство“ таму. Инспекциски тим на ОН во украинската нуклеарна централа е во мисија да ја заштити од катастрофа.
