Европска Комисија ја разгледува можноста за замрзнување на цената на енергенсите, и намалување на потрошувачката на струја, изјави денеска заменичката-директор на одделот за енергетика на комисијата, Мехтилд Воерс-Доерфер на состанокот на комитетот за енергетика во Европскиот Парламент.
Идеите за замрзнување на цените на енергенсите, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен ќе ги презентира на 14 септември. Тоа ќе биде неколку дена откако министрите за енергетика на земјите-членки на Европска Унија на 9-ти септември ќе одржат итен состанок.
Земјите-членки на ЕУ, се повеќе бараат унијата да преземе мерки за да ги ограничи трошоците. Италија, Белгија и Чешка се залагаат за замрзнување на цената на гасот во цел европски блок, додека Франција и Грција сакаат одвојување на цената на стујата од цената на гасот.
