Вести Свет

Загина директор на Лукоил во Москва, Ројтерс објави дека паднал од болнички прозорец

67-годишниот Равил Маганов, потпретседател и директор во големата руска нафтена компанија Лукоил, загина во Москва.

Ројтерс, повикувајќи се на свои извори, објави дека Маганов загинал откако паднал од прозорец во болница.

Рускиот весник “Правда” (фото) објави информација дека телото на Маганов е најдено во близина на централната клиничка болница во Москва каде бил примен претходно.

Маганов бил вработен во Лукоил при основањето во 1993-тата година, а директор станал во 2020-тата. Компанијата не се изјасни досега за смртта на Маганов.

Лукоил од почетокот на руската агресија бара преговори и мировно решение за кризата која негативно влијае врз енергетскиот бизнис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе