Руската федерална безбедносна служба ЕФЕСБИ соопшти денеска дека го решила случајот со убиството на Дарија Дугина, ќерка на националистичкиот идеолог на режимот на Путин, Александар Дугин и дека Украина е директно одговорна за експлозијата на автомобилот во кој таа го загуби животот.
Според информацијата на руските безбедносни служби, една жена од Украина се преселила во Русија заедно со својата ќерка во Јули, под изговор дека е бегалец а всушност работела за украинските специјални служби. Таа потоа изнајмила и соба во зградата каде што живеела Дугина во период од еден месец, каде што ја следела младата жена. Во текот на тој перод, таа ја следела новинарката низ Москва со мини купер, за што користела три различни регистарски таблички. По смртоносната експлозија осомничената побегнала во Естонија, тврдат Русите.
Според властите во Киев, верзијата на настаните на руските безбедносни служби е пропаганда од измислен свет.
