Речиси 24 часа откако исламски милитанти го нападнаа хотелот Хајат во главниот град на Сомалија, Могадишу, безбедносните сили се уште водат борби за да ги елиминираат преостанатите напаѓачи за кои се верува дека се забарикадирани на највисокиот кат од зградата.
Најмалку 20 луѓе се убиени а 40-тина повредени во терористичкиот напад кој започна доцна синоќа со неколку силни експлозии пред хотелот. Најголем дел од
жртвите се цивили.
Исламистичката група Ал-Шабаб, која е поврзана со Ал-Каеда, презема одговорност за крвавиот напад. Оваа операција на екстремистите е првиот поголем терористички напад во Сомалија откако новиот лидер на Сомалија, Хасан Шеик Мохамуд ја презеде власта во мај.
