Вести Свет

ИЕА: ЕУ во јули увезла 70 проценти помалку гас од Русија

Во јули, увозот на руски природен гас во Европска Унија е намален за околу 70 отсто на годишно ниво, со просечни дневни количини под 100 милиони кубни метри, се наведува во денешното соопштение на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).

Во јули минатата година гасот увезен од Русија во Европа изнесуваше околу 300 милиони кубни метри дневно, а експертите на ИЕА за останатите месеци од 2022 година прогнозираат пад под нивото од 80 милиони кубни метри дневно.

Земјите-членки на ЕУ во првите седум месеци од минатата година увезувале околу 400 милиони кубни метри руски гас дневно, додека во истиот период од тековната година количините се веќе 240 милиони кубни метри дневно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе