Вести Свет

Франција се бори со суша, вода во некои села се доставува со цистерни

Во Сејан, на јужниот дел од Франција, старите камени фонтани се празни, а славините во домаќинствата работат само согласно строгото дневно ограничување и тоа благодарение на камионите – цистерни, затоа што природните извори пресушија, пренесе Јуроњуз.

И додека поголем дел од Европа се бори со суша и рекордни температури, жители на живописно село, кои претходно полеваа градини или полнеа базени без размислување, сега мора да постапуваат сосем поинаку. Понекогаш има неколку облаци, но нема вода, никогаш нема, ниту капка дожд… Стануваме малку очајни затоа што состојбата не оди на подобро… Сите ја намалија потрошувачката на вода,тврди градоначалникот Рене Хугот.

Нивото на потрошената вода се проверува секоја недела со цел да се осигура дека сите домаќинства во местото го почитуваат ограничувањето од 150 литри вода по лице дневно.

За водата воопшто да се достави до тоа и соседните села, мора да се транспортира од подрачја каде има доволно.

Тоа е исклучителна ситуација, смета Ерик Мартел, директор за водоснабдување за општина Фајанс, каде припаѓа Сејан.

Како што тој додаде, многу малку дожд паднало од минатата есен.

Тоа што нè загрижува е зимата што доаѓа и пролетта. Ако тогаш не падне дожд, ќе бидеме во драматична ситуација, истакна Мартел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе