Вести Свет

Поради акутниот недостиг на основни продукти кубанската Влада ќе дозволи странски инвестиции

Кубанската Влада соопшти дека ќе дозволи странски инвестиции поради хроничниот недостиг на храна и други производи во земјата.

Странски инвестиции во трговијата на големо и мало, со државна регулатива, ќе овозможат поширока и поразновидна понуда за населението и ќе придонесат за закрепнување на националната индустрија, објави синоќа на Твитер министерот за економија Алехандро Хил.

Кубанската Влада ќе го задржи монополот на надворешната трговија.

Странските инвестиции во Куба досега беа дозволени само во производство на стоки, услуги и угостителство.

Кубанците чекаат во редици за да купат храна и други производи во државните продавници каде залихите се многу ограничени.

Продавниците во кои може да се плати во долари започнаа со работа во 2019 година. Таму понудата беше поголема, но и тие се празни поради недостиг на производи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе