Вести Македонија Топ вести

Полн погодок или непотребна скапа прослава

Синоќа плоштадот Скендербег понуди музичка забава на отворено за стотици млади. „Полн погодок“, што би рекол министерот Артан Груби во денешната оценка на прославата за годишнината од Рамковниот договор. Платена е со 100 илјади евра од буџетот преку министерството со кое тој раководи. Журката доби наслов „Мировен фестивал“ и има амбиција да прерасне во традиционална, паралелно со тридневната Школа за млади лидери во Тетово, наречена „Мировен форум дијалог“.

ВМРО ДПМНЕ смета дека ДУИ организира партиска прослава со државни пари. Паралелно, си продолжува со криминално владеење, што е една од главните причини за иселување на младите, без оглед дали се Македонци или Албанци.

Министерството за политички систем како и целата Влада `се уште должат одговори: зошто во ваков кризен период државата има потреба да финансира вакви прослави и како фирмата Арбериа дизајн, победник на 61 тендер минатата година во вредност од една милијарда денари, и сега успеа да го добие тендерот.

Всушност, се работи за два договори кои покажуваат дека немало намера да се штеди: Арбериа наплаќа 3 илјади 800 евра само за концептот на прославата, пеачите се платени со 30 илјади евра, пенкалата со лого чинат 20 евра, а во вкупната цена влегува и озвучување, хотелско сместување, изнајмување ресторани, конференциска сала, па и кетеринг за 50 евра по лице.

Арбериа дизајн не е непозната за пошироката јавност. Таа редовно добива тендери за разни манифестации, но главна дејност `и е печатењето, меѓу другото и на свидетелства и учебници. Годинава, доцни и едното и другото. Арбериа, која го доби тендерот за свидетелства вреден 13 милиони денари, два месеци по завршувањето на школската година, `се уште не ги испорачала свидетелствата за сите ученици. Оваа фирма е пријавена и за печатење учебници за неколку одделенија. Дали ќе го добие и овој бизнис, по електронската аукција.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе